ГОДИНИ
искуство, посветена работа,
верност кон своите клиенти
Еко Логистик Сервис е апсолутен лидер во вршењето на поштенски услуги на секаков вид на пратки.
Единствена приватна пошта која ги поседува сите домашни и меѓународни лиценци.
Еколошка компанија која користи електрични возила а за останатите возила користи еколошки горива. Ние поддржавме најголем број еколошки акции со директно вклучување и со исто темпо продолжуваме и понатаму. Поддржувме и финансираме хуманиратни акции во државата и странство.
Агенцијата за Пошти ја прогласи Еко Логистик Сервис за најдобра приватна пошта во сите категории (пратки за конверзација, пакети, обем и приход) со пазарно учество од над 50% во последните години.
Еко Логистик Сервис е финансиски стабилен правен субјект.
Средствата за работа се во сопственост на компанијата.
Процесот на достава вклучува над 200 возила со различна носивост и габарит. Во процесот учествуваат над 250 вработени врвно обучени и опремени.
Еко Логистик Сервис има најголема мрежа на подружници (хабови) во сите градови со бројка од околу 50 хабови технички и безбедносно опремени следејќи ги светските трендови,така што со овој концепт на најразвиена мрежа поблиску се доближивме до компаниите и граѓаните.
Автоматска обработка на пратки со комплетна евиденција поддржана од најсовремен систем www.customer.els.mk. Во системот се интегрирани најсовремените светски стандарди за поштенско работење и клиентите можат да ги следат пратките во реално време.
Отвораме fulfillment центар за складирање, селектирање и пакување на стока. Ја проширување нашата мрежа за регионална достава на пратки и им ја олеснуваме работата на нашите партнери.
Иновациите и новите продукти не прават различни од останатите поштенски субјекти во држава. Еко Логистик Сервис за прв пат воведува гардеробер во секој хаб и овозможува проба и проверка на пратките. Нудиме решение за пакување со брендирани кутии со различни волумени, безбедносни кеси и специјални ознаки за кршливи пратки.
ЕЛС како водечка компанија се издвојува како пошта со најмногу услуги.
Новите продукти се атрактивен пакет за подобрување на продажбата на нашите партнери:
1. Експрес брза пратка во Скопје.
2. Брза пратка во ист ден во сите градови. Нашите возила се обраќаат 3 пати во денот.
3. Габаритни пратки доставени до соба (достава со повеќе доставувачи)

- Ја основавме компанијата Еко Логистик Сервис.

- Купивме 10 нови возила

- Воведовме систем за следење на пратки

- Ги проширивме услугите – воведовме услуга за достава на габаритни пратки;

- Во 2022 година броиме 80 вработени и 40 возила.
- Активно започнуваме со достава на e-commerce пратки.
- Станавме спонзор-бронзен партнер на Конференцијата за e-commerce.

- Започнавме со тренинзи и едукација на вработените.
- Значително го зголемивме бројот на вработени и возила.
- Воведовме услуга соблекувални во хабовите и имавме многу хуманитарни е еко акции.
- Ја промовиравме првата дигитална поштенска марка и го промовиравме првиот дигитален поштар Господин Еко, новото заштитно лице на ЕЛС.

- Излеговме надвор од границите.
- Станавме пошта број 1 во регионот за достава на меѓународни пратки Али Експрес и Тему.
- Направивме целосно нов систем и ја воведовме услугата достава на пратка со безбедносен код.
- Отворивме нов fulfillment центар.