Scroll Top

Правила/начин на пакување на пратки

1.) Пакување на поштенски пратки е ставање на содржината на пратката во соодветна Обвивка (плик, кутиjа, сандак и др.) заради обезбедување на содржината од повреди или оштетувања, односно од губење на дел од содржината од приемот додоставата.
2.) Пакувањето мора да одговара на видот, природата, содржината и формата на пратката, на големината, масата и вредноста на предметот во пратката, и на условите и времето за доставување до Примачот.
3.) Испраќачот е должен да се грижи за правилно пакување на содржината на пратката, во спротивно Друштвото нема да биде одговорнo за штетите кои заради несоодветно пакување, пратката ќе ги направи на другите поштенски пратки, обjекти и средства на давателот на поштенски услуги, возила за пренос, како и за повреди или смрт на вработените и на други лица.
4.) Пратките што се предаваат во затворена обвивка мораат да бидат така обезбедени што содржината или неjзин дел да не може да се извади без видна повреда на обвивката и на средствата за затварање на пратката.
5.) За затворање на поштенска пратка може да се користат, во зависност од видот и содржината на поштенската пратка, соодветни средства (лепило, леплива лента, поштенска сигурносна налепница, коноп со пломба, печатен восок, брава, катанеци сл.). За затворање на писмоносната пратка не може да се употреби хефт машина.
6.) Сите поштенски пратки мора да бидат спакувани, освен оние за кои со оглед на нивната природа пакувањето не е потребно.
7.) Испраќачот е должен ceкoj пакет, чиjа форма дозволува, да го поврзе вкрстено со коноп, чиjа jачина одговара на тежината на пакетот. Ако амбалажата, односно обвивката на пратката не обезбедува полна сигурност на содржината на пратката во преносот, Испраќачот е должен таквата пратка вкрстено да ja поврзесо коноп.
8.) Доколку пратка со означена вредност содржи пари или хартии од вредност, за пакување на пратка со означена вредност мора да се употреби специjално плико (вредносна кесичка), обвивка од jaкa хартиjа или платнена обвивка. Писмо со означена вредност не може да биде спакувано во плико со провиден дел.
9.) Со оглед на погоре наведеното, Испраќачот е одговорен за внатрешното и надворешното пакување на поштенската пратка. За специфични и чувствителни пратки односно доколку предмет на достава е пратка од кршлива природа, течност, фармацевтски-хемиски производи, предмет што не смее да се превиткува, Клиентот/Испраќачот има обврска истото да го означи на
адресницата, а пратките да ги спакува соодветно согласно правилата за пакување на специфични/чувствителни пратки.