Scroll Top

УСЛУГИ

кои ги нудиме:

  • ПОШТЕНСКИ УСЛУГИ
  • ЛОГИСТИКА
  • ТРАНСПОРТ
  • МАРКЕТИНГ УСЛУГИ
Накратко за услугите
01.
Поштенски услуги

Имаме најголема палета на услуги во нашата држава и регионот. Од писма со лична испорака до пакети за електронска трговија и габаритни пратки. Претпознатливи сме бидејќи ние сме единствената пошта на Балканот што доставува пратки со сигурносен код. Целата наша достава, во внатрешен и меѓународен поштенски сообраќај, ја доставуваме на овој начин, без исклучоци.

02.
Логистика и транспорт

Ние сме убедливи најголемата логистичка компанија си над 250 возила од сите категории.

Доставуваме во сите градови и села и до најдалечната точка на достава.

03.
Маркетинг услуги

Најдобрата можност за рекламирање по поволни цени. Нашите над 250 возила и над 300 вработени кои секојдневно гравитираат во сите градови можат да бидат вашиот најдобар маркетинг. Од брендирање на униформи, возила, хабови, до внатрешен простор.

Побарај ја твојата маркетинг понуда на marketing@els.mk.

Што е што?
во нашето работење

Со допопнителната услуга – Повратница „АR“ испраќачот при предавање на пратката бара пратката да се достави на примачот со писмено потврдување на посебен образец „Повратница“. Пополнетиот образец се враќа на испраќачот. Повратницата ја пополнува испраќачот и ја предава заедно со пратката.

Со дополнителната услуга откупнина „ОТК“ испраќачот при предавање на пратката бара пратката да се достави на примачот со претходна наплата на откупниот износ во корист на испраќачот на таа пратка.

Како пратка со дополнителна услуга откупнина може да се предаде секоја препорачана писмоносна пратка, писмо со означена вредност, пакет

Пратка со определено време е пратка која испраќачот бара да му се превземе во точно определено време.

Брза пратка е пратка која од превземањето во рок од 24часа се доставува до примачот.

Експрес пратка е со достава од 2 до 4, со најава до 12 часа. Експресна пратка РСМ е ист ден со најава и преземање до 12 часа.

Приоритетна пратка е достава наредниот ден, со предност/приоритет на достава.

Договорена достава е нормална достава во договорен ден, без приоритет. Може да е договорена со договорена достава и приоритет за одреден ден.

Осигурувањето се вметнува во систем според вредноста на пратката, која мора да има системски внесена вредност и да е соодветно обележана и пакувана. Спротивно, не подлежи на обештетување.

Правилно адресирање на предната страна од пликото до кого се испраќа, целосна адреса и број на телефон. На задната страна име и презиме на испраќач, точна адреса и телефон.